3 А Тој им рече: „Зар не сте читале што направи Давид, кога огладне тој и оние кои беа со него?
4 Како влезе во Божјиот дом и ги изеде изложените лебови, што не смееја да ги јадат ни тој, ни неговите другари, а само свештениците?
5 Или, зар не сте читале во Законот дека свештениците, во сабота во Храмот, ја осквернуваат саботата и не се виновни?
6 Но Јас ви велам, има тука еден што е Поголем од Храмот.
7 Ако би сте знаеле што значи: ‘Милост сакам, а не жртва,’ немаше да ги осудите невините.
8 Зашто Синот Човечки е Господар и на саботата.”
9 И кога си замина оттаму, дојде во нивната синагога.