33 Или направете го дрвото добро, и неговиот плод добар; или направете го дрвото расипано, и неговиот плод расипан; зашто дрвото се познава по плодот.
34 Породи змиини! Како можете да зборувате добро, кога сте зли? Зашто од преполнувањето на срцето зборува устата.
35 Добриот човек од доброто сокровиште донесува добри нешта; а злиот човек од злото сокровиште донесува зли нешта.
36 И ви велам, дека за секој празен збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден;
37 зашто по твоите зборови ќе бидеш оправдан, и по твоите зборови ќе бидеш осуден.
38 Тогаш некои од книжниците и фарисеите Му одговорија, велејќи: „Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе.”
39 А Тој им одговори и рече: „Зло и прељуботворно поколение бара знак, и нема да му се даде знак, освен знакот на Јона пророкот.