34 Породи змиини! Како можете да зборувате добро, кога сте зли? Зашто од преполнувањето на срцето зборува устата.
35 Добриот човек од доброто сокровиште донесува добри нешта; а злиот човек од злото сокровиште донесува зли нешта.
36 И ви велам, дека за секој празен збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден;
37 зашто по твоите зборови ќе бидеш оправдан, и по твоите зборови ќе бидеш осуден.
38 Тогаш некои од книжниците и фарисеите Му одговорија, велејќи: „Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе.”
39 А Тој им одговори и рече: „Зло и прељуботворно поколение бара знак, и нема да му се даде знак, освен знакот на Јона пророкот.
40 Зашто, како што Јона беше во утробата на големата риба три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи.”