44 Тогаш вели: ‘Ќе се вратам во својата куќа, од каде излегов.’ И кога дојде, ја најде празна, изметена и уредена.
45 Тогаш оди и зема со себе седум други духови, полоши од себе; и влегуваат и живеат таму; и последната состојба на оној човек станува полоша од првата, така ќе му биде и на ова зло поколение.”
46 Додека Тој уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да Му зборуваат.
47 И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.”
48 А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?”
49 И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа;
50 зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”