8 Зашто Синот Човечки е Господар и на саботата.”
9 И кога си замина оттаму, дојде во нивната синагога.
10 И ете, таму беше човек со исушена рака; и - за да Го обвинат - го прашаа, велејќи: „Дали е дозволено да се исцелува во саботите?”
11 А Тој им рече: „Кој човек од вас, ако има една овца, и таа падне во саботен ден во јама, не ќе ја фати и не ќе ја извади?
12 А колку е поскап човекот од овцата. Затоа е дозволено да се прави добро во сабота.”
13 Тогаш му рече на човекот: „Протегни си ја раката!” И тој ја протегна, и таа стана здрава како и другата.
14 А фарисеите излегоа и се советуваа против Него, како да Го погубат.