1 Во оној ден Исус излезе од куќата и седна покрај морето.
2 И големи мноштва се собраа до Него, така што Тој влезе во кораб и седна, а сето мноштво стоеше на брегот.
3 И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, сејач излезе да сее,
4 и кога сееше, некои зрна паднаа покрај патот, и птици дојдоа и ги исколваа.
5 Други паднаа на каменити места, каде немаше многу земја, и набргу никна, зашто немаше длабока земја.
6 А кога изгреа сонцето, изгореа, и бидејќи немаа корен, се исушија.