36 Тогаш ги отпушти мноштвата и дојде во куќата. И Неговите ученици дојдоа при Него и рекоа: „Објасни ни ја параболата за каколот на нивата.”
37 А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки.
38 Нивата е светот; доброто семе, тоа се синовите на Царството; а каколот се синовите на лукавиот,
39 а непријателот, што го посеа, е ѓаволот. Жетвата е свршетокот на векот, а жетварите се ангели.
40 Како што каколот се собира и се гори во оган, така ќе биде и на свршетокот на векот.
41 Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели, кои ќе ги соберат од Неговото царство сите соблазни, и оние, кои вршат беззаконие,
42 и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање со заби.