4 и кога сееше, некои зрна паднаа покрај патот, и птици дојдоа и ги исколваа.
5 Други паднаа на каменити места, каде немаше многу земја, и набргу никна, зашто немаше длабока земја.
6 А кога изгреа сонцето, изгореа, и бидејќи немаа корен, се исушија.
7 Други паднаа меѓу трње, и трњето израсна и ги загуши.
8 Други паднаа на добра земја и дадоа плод: едното сто, другото шеесет, а другото триесет.
9 Кој има уши да слуша, нека слуша!”
10 И учениците Му се приближија и Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?”