45 ”И пак, царството небесно е слично и на трговец, кој бара убави бисери.
46 А кога најде еден скапоцен бисер, оди и продава сè што има, и го купува.”
47 ”И пак, царството небесно уште е слично на мрежа, фрлена во морето, која собира риби од секаков вид.
48 Кога се наполни, ја извлекоа на брегот и седнаа, па ги собраа добрите во садови, а лошите ги исфрлија.
49 Така ќе биде и на свршетокот на векот; ангелите ќе излезат и ќе ги одделат злите од среде праведните,
50 и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање на заби.”
51 Исус им рече: „Дали го разбравте сето ова?” Му рекоа: „Да Господи!”