52 А Тој им рече: „Затоа секој книжник, поучен за царството небесно, прилега на домаќин, кој од својата ризница изнесува ново и старо.”
53 И се случи кога Исус ги сврши тие параболи, да замине оттаму.
54 И штом дојде во Својот роден крај, ги поучуваше во нивните синагоги, така што се зачудуваа и зборуваа: „Откаде Му се на Овој оваа мудрост и силни дела?
55 Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда?
56 И Неговите сестри не се ли сите со нас? Откаде Му е тогаш на Овој сето тоа?”
57 И се соблазнуваа во Него. А Исус им рече: „Пророкот не е без чест, освен во својата татковина и во својот дом.”
58 И не изврши таму многу силни дела, заради нивното неверување.