14 ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате домовите на вдовиците, и заради причина се молите долго. Затоа ќе добиете поголема осуда!”
15 ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои ги обиколувате морето и копното, за да придобиете еден прозелит, и кога ќе стане тоа, го правите син на пеколот, двапати полош од себе!”
16 ”Горко вам, слепи водачи, кои велите: ‘Ако некој се заколне во Храмот, не е ништо; ако пак се заколне во црковното злато, тогаш е обврзан!’
17 Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или Храмот, што го осветува златото?
18 И: ‘Ако некој се заколне во жртвеникот, не е ништо; а ако се заколне во дарот, што е врз него, тогаш е обврзан.’
19 Слепци! Што е поголемо: дарот или жртвеникот, што го осветува дарот?
20 И така, кој се колне во жртвеникот, се колне во него и во сè што е врз него.