20 И така, кој се колне во жртвеникот, се колне во него и во сè што е врз него.
21 И кој се колне во Храмот, се колне во него и во Оној, Кој живее во него.
22 И кој се колне во небото, се колне во Божјиот престол и во Оној, Кој седи на него.”
23 ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои давате десеток од нане, копра и кимин, а го оставивте поважното во Законот: правдата, милоста и верата. Ова требаше да се прави, а она да не се остава!
24 Слепи водачи! Вие го цедите комарецот, а ја проголтувате камилата.”
25 ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои ја чистите надворешноста на чашата и чинијата, а внатре сте полни со грабеж и лакомост!
26 Слепи фарисеју! Очисти ја најнапред внатрешноста на чашата, за да и биде чиста и надворешноста!”