27 ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти приличите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистота!
28 Така и вие однадвор им се покажувате праведни на луѓето, а внатре сте полни со лицемерство и беззаконие.”
29 ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои им градите гробови на пророците и им ги украсувате спомениците на праведните,
30 и велите: „ Ако живеевме во деновите на нашите татковци, не ќе бевме нивни соучесници во крвта на пророците.”
31 Така сведочите за себе, дека сте синови на оние, кои ги убиле пророците.
32 И вие ја дополнивте мерата на вашите татковци!
33 Змии, змиски породи! како ќе побегнете од судот на пеколот?