5 А сите свои дела ги прават, за да ги видат луѓето; затоа ги рашируваат своите молитвени записи и ги прават големи ресите на облеките;
6 ги сакаат: челните места по гозбите и првите места во синагогите;
7 поздравите на јавните места и луѓето да ги наречуваат ‘рави’.
8 А вие не наречувајте се учители - зашто е Еден вашиот Учител - Христос, а вие сите сте браќа.
9 И никого на земјата не наречувајте го свој ‘татко’, зашто е Еден вашиот небесен Татко.
10 Ниту се наречувајте наставници, зашто е Еден вашиот Наставник - Христос.
11 А поголемиот меѓу вас нека ви биде слуга.