8 А вие не наречувајте се учители - зашто е Еден вашиот Учител - Христос, а вие сите сте браќа.
9 И никого на земјата не наречувајте го свој ‘татко’, зашто е Еден вашиот небесен Татко.
10 Ниту се наречувајте наставници, зашто е Еден вашиот Наставник - Христос.
11 А поголемиот меѓу вас нека ви биде слуга.
12 Кој се воздига себеси - ќе биде понизен; а кој се понизува себеси - ќе биде возвишен.”
13 ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои го затворате Небесното царство пред луѓето; зашто самите не влегувате, ниту ги пуштате внатре оние, кои сакаат да влезат.”
14 ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате домовите на вдовиците, и заради причина се молите долго. Затоа ќе добиете поголема осуда!”