14 ”Зашто ќе дојде како човек, кој - тргнувајќи на пат - ги повика своите слуги и им го предаде својот имот,
15 и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според неговата способност, и отпатува.
16 Оној, кој прими пет таланти, веднаш отиде, и тргуваше со нив и спечали други пет.
17 Исто така, и оној со двата таланти, спечали други два.
18 А оној, кој прими еден отиде, ископа во земјата и го сокри среброто на својот господар.
19 По долго време, дојде господарот на тие слуги и ја прегледа сметката со нив.
20 И кога пристапи оној, кој примил пет таланти, донесе други пет таланти и рече: ‘Господаре, ми предаде пет таланти, а еве, јас спечалив и други пет.’