28 Затоа, одземете му го талантот и дајте му го на оној, кој има десет таланти!
29 Зашто секому, кој има, ќе му се даде уште и ќе има во изобилство, а оној, кој нема, ќе му се одземе и она што го има.
30 А неполезниот слуга исфрлете го во крајна темнина; каде ќе биде плач и чкртање со заби.’”
31 ”Кога Човечкиот Син ќе дојде во Својата слава и сите ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на Својата слава;
32 и ќе се соберат пред Него сите народи, а Тој ќе ги оддели едни од други, како што пастирот ги одделува овците од јарците.
33 И ќе ги постави овците од својата десна страна, а јарците од левата.
34 Тогаш Царот ќе им рече на оние од десната страна: ‘Дојдете, благословени од Мојот Татко, и примете го во наследство Царството, кое ви е приготвено од создавањето на светот!