34 Тогаш Царот ќе им рече на оние од десната страна: ‘Дојдете, благословени од Мојот Татко, и примете го во наследство Царството, кое ви е приготвено од создавањето на светот!
35 Зашто огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев и Ме напоивте; бев странец и Ме примивте;
36 бев гол и Ме облековте; бев болен и Ме посетивте; бев во темница и дојдовте при Мене.’
37 Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме; или жеден и Те напоивме?
38 Кога Те видовме како странец и Те примивме? Или гол и Те облековме?
39 Кога те видовме болен или во темница и дојдовме при Тебе?
40 А Царот ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.’