16 И оттогаш бараше згоден случај за да Го предаде.
17 А во првиот ден на Бесквасните лебови, учениците пристапија при Исуса и Го прашаа: „Каде сакаш да Ти приготвиме да јадеш Пасха?”
18 Тој рече: „Отидете во градот при тој и тој човек и речете Му: Учителот вели: Моето време е близу; кај тебе ќе ја празнувам Пасхата со Своите ученици.”
19 И учениците направија како што им заповеда Исус, и ја приготвија Пасхата.
20 А кога се стемни, Тој прилегна со Дванаесетте ученици на трпезата.
21 И додека јадеа, им рече: „Вистина ви велам, дека еден од вас ќе Ме предаде.”
22 И многу се нажалија и почнаа да зборуваат, еден по друг: „Да не сум јас, Господи?”