19 И учениците направија како што им заповеда Исус, и ја приготвија Пасхата.
20 А кога се стемни, Тој прилегна со Дванаесетте ученици на трпезата.
21 И додека јадеа, им рече: „Вистина ви велам, дека еден од вас ќе Ме предаде.”
22 И многу се нажалија и почнаа да зборуваат, еден по друг: „Да не сум јас, Господи?”
23 А Тој одговори: „Оној што ќе ја накваси - со Мене - раката во чинијата, тој ќе Ме предаде!
24 И така, Човечкиот Син си оди како што е напишано за Него, но тешко му на оној човек, преку кого ќе биде предаден Човечкиот Син; добро би било за тој човек, ако не беше се родил!”
25 А Јуда, кој Го предаде, во одговор рече: „Да не сум јас, Учителе?” Му кажа: „Ти рече!”