22 И многу се нажалија и почнаа да зборуваат, еден по друг: „Да не сум јас, Господи?”
23 А Тој одговори: „Оној што ќе ја накваси - со Мене - раката во чинијата, тој ќе Ме предаде!
24 И така, Човечкиот Син си оди како што е напишано за Него, но тешко му на оној човек, преку кого ќе биде предаден Човечкиот Син; добро би било за тој човек, ако не беше се родил!”
25 А Јуда, кој Го предаде, во одговор рече: „Да не сум јас, Учителе?” Му кажа: „Ти рече!”
26 А кога јадеа, Исус зеде леб, благослови, го раскрши и им го раздаде на учениците, и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.”
27 Тогаш ја зеде чашата и заблагодари, им ја даде и рече: „Пијте сите од неа,
28 зашто ова е Мојата крв на Заветот, која се пролева за мнозина, за проштавање на гревовите.