43 И кога дојде пак ги најде како што спијат, зашто очите им беа натежнале.
44 И пак ги остави и отиде да се помоли, по третпат, и ги изговори истите зборови.
45 Тогаш дојде при учениците и им рече: „Само спијте и почивајте. Еве, наближи часот кога Човечкиот Син ќе биде предаден во рацете на грешниците.
46 Станете, да одиме! Ете, наближи Мојот предавник.”
47 И додека Тој уште зборуваше, ете, Јуда, еден од Дванаесетмината, дојде со големо множество, со ножеви и стапови, испратени од првосвештениците и народните старешини.
48 А Неговиот предавник им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам јас - Тој е, фатете Го!”
49 И веднаш се приближи до Исуса и Го целива.