1 А кога се раздени, сите свештенички главатари и народните старешини се советуваа против Исуса, за да Го убијат.
2 И Го врзаа, Го одведоа и му Го предадоа на управителот Понтиј Пилат.
3 Тогаш Јуда, кој Го предаде, откако виде дека Го осудија, се покаја и ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и на старешините;
4 велејќи: „Згрешив, зашто предадов невина крв.” А тие му рекоа: „Што ни е нам? Гледај ти!”
5 Тогаш ги фрли сребрениците во Храмот, излезе и отиде и се обеси.
6 А првосвештениците ги зедоа сребрениците и рекоа: „Не чини да се остават во храмската благајна, зашто се цена за крв.”
7 Туку, откако се посоветуваа, ја купија со нив Грнчаревата Нива за гробишта за странци.