17 И кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го пуштам? Варава ли, или Исуса, наречен Христос?”
18 Зашто знаеше дека Го предадоа од завист.
19 И додека седеше на судиската столица, неговата жена испрати до него да му кажат: „Не прави Му ништо на Тој Праведник, зашто денес многу пострадав, насон, заради Него!”
20 Но првосвештениците и старешините го наговорија народот да го измоли Варава, а Исуса да Го погуби.
21 Тогаш управителот во одговор рече: „Кого од двајцата сакате да го пуштам?” А тие рекоа: „Варава!”
22 Пилат им рече: „А што да направам тогаш со Исуса, наречен Христос?” Сите рекоа: „Да биде распнат!”
23 А тој рече: „Какво зло направил?” А тие уште посилно викаа: „Да биде распнат!”