25 И целиот народ одговори и рече: „Неговата крв на нас и на нашите деца!”
26 Тогаш им го пушти Варава, а Исуса Го бичува и Го предаде да Го распнат.
27 Тогаш војниците на управителот Го одведоа Исуса во преторијата и ја собраа целата чета околу Него.
28 Го соблекоа и Го наметнаа со црвена наметка;
29 исплетоа трнов венец и Му го положија на главата и трска во Неговата десница; па коленичеа пред Него и Му се потсмеваа, велејќи: „Здраво, јудејски Царе!”
30 И плукаа на Него, ја зедоа трската и Го удираа по главата.
31 Откако Го исмеаја, ја соблекоа од Него црвената наметка и Го облекоа во Неговата облека и Го одведоа да Го распнат.