4 велејќи: „Згрешив, зашто предадов невина крв.” А тие му рекоа: „Што ни е нам? Гледај ти!”
5 Тогаш ги фрли сребрениците во Храмот, излезе и отиде и се обеси.
6 А првосвештениците ги зедоа сребрениците и рекоа: „Не чини да се остават во храмската благајна, зашто се цена за крв.”
7 Туку, откако се посоветуваа, ја купија со нив Грнчаревата Нива за гробишта за странци.
8 Затоа таа нива до денес се вика Крвна Нива.
9 Тогаш се исполни реченото преку пророкот Еремија; кој вели: „И ги зедоа триесетте сребреници, цената на Оценетиот, Кого Го оценија Израелевите синови,
10 и ги дадоа за Грнчаревата Нива, како што ми нареди Господ.”