41 Исто зборуваа првосвештениците, со книжевниците и старешините, потсмевајќи Му се:
42 ”Другите ги спаси, а Самиот Себе не може да се спаси. Тој е Израелев Цар! Нека слезе сега од крстот и ќе Му поверуваме!
43 Тој се надеваше на Бога, нека Го избави сега, ако Го сака, зашто рече: „Божји Син Сум!”
44 А исто така Го навредуваа и разбојниците распнати со Него.
45 А од шестиот час беше темнина по целата земја до деветтиот час.
46 Околу деветтиот час Исус извика со силен глас и рече: „Или! Или! Лама Савахтани!? - тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој! Зошто си Ме оставил?”
47 А некои од оние, кои стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!”