44 А исто така Го навредуваа и разбојниците распнати со Него.
45 А од шестиот час беше темнина по целата земја до деветтиот час.
46 Околу деветтиот час Исус извика со силен глас и рече: „Или! Или! Лама Савахтани!? - тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој! Зошто си Ме оставил?”
47 А некои од оние, кои стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!”
48 И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во киселина, ја надена на трска, и Му даваше да пие.
49 А другите велеа: „Остави! Да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!”
50 А Исус извика пак со силен глас и го испушти духот.