49 А другите велеа: „Остави! Да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!”
50 А Исус извика пак со силен глас и го испушти духот.
51 И ете! Завесата во Храмот се расцепи надве, одозгора додолу, и земјата се стресе, и карпите се распукаа,
52 а гробовите се отворија, и воскреснаа многу тела на упокоени свети;
53 и излегоа од гробовите по Неговото воскресение, влегоа во Светиот Град и се јавија на мнозина.
54 А стотникот и оние, кои со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сè што стана, се уплашија многу и рекоа: „Навистина, Овој беше Божји Син!”
55 А таму беа и гледаа оддалеку многу жени, кои Го следеа Исуса од Галилеја и Му служеа.