1 А по саботата, на осамнување на првиот седмичен ден, дојдоа Марија Магдалена и другата Марија да го видат гробот.
2 И ете, стана голем земјотрес, зашто Господов ангел слезе од небото, пристапи и го одмести каменот и седна на него.
3 А лицето му светеше како молња, а неговата облека - бела како снег.
4 Од страв пред него, стражарите трепереа и станаа како мртви.
5 Тогаш ангелот проговори и им рече на жените: „Вие не бојте се! Зашто знам дека Го барате распнатиот Исус.
6 Го нема тука, зашто воскресна, како што рече! Дојдете и видете го местото каде што лежеше,
7 и отидете бргу и кажете им на Неговите ученици дека воскресна од мртвите и - ете - Тој оди пред вас во Галилеја. Таму ќе Го видите! Ете, ви кажав!”