16 А Единаесетте ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше определил Исус.
17 И штом Го видоа, Му се поклонија, а некои се сомневаа.
18 Тогаш Исус им се приближи и им рече: „Дадена Ми е сета власт на небото и на земјата.
19 Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал!
20 И еве, Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот. Амин!”