1 Во тие дни дојде Јован Крстител и проповедаше во пустината Јудејска, велејќи:
2 ”Покајте се, зашто се приближи царството небесно!”
3 Зашто тој е оној, за кого пророкот Исаија рече: „Гласот на оној, кој вика во пустината: Пригответе го патот на Господа, направете ги прави Неговите патеки!
4 А сам Јован имаше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините; а скакулците и дивиот мед му беа храна.