4 А сам Јован имаше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините; а скакулците и дивиот мед му беа храна.
5 Тогаш излегуваа кон него: Ерусалим, цела Јудеја и целата Јорданска околина,
6 и тој ги крштаваше во реката Јордан, а тие ги исповедуваа своите гревови.
7 Штом виде многу фарисеи и садукеи дека доаѓаат да ги крсти, им рече: „Породи змијски, кој ве предупреди да бегате од гневот што доаѓа?
8 Затоа, принесувајте плодови достојни на покајание,
9 и не мислете да речете во себеси: Авраам е наш татко, зашто ви велам, Бог може од овие камења да му издигне чеда на Авраама.
10 Секирата веќе лежи при коренот на дрвјата; затоа секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.