2 и кога ја отвори Својата уста ги поучуваше, велејќи:
3 ”Блажени се бедните во дух, зашто е нивно царството небесно!
4 Блажени се оние кои тагуваат, зашто тие ќе бидат утешени!
5 Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
6 Блажени се кои гладуваат и жедуваат за правда, зашто тие ќе се наситат!
7 Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
8 Блажени се чистите во срце, зашто тие ќе Го видат Бога!