Матеј 5:22-28 MKB

22 А Јас ви велам, дека секој, кој се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот. А кој ќе му рече на брата си „празноглавец”, ќе биде виновен пред синедрионот. А кој ќе го нарече „безумник”, ќе биде виновен за во огнениот пекол.

23 И така, ако принесуваш свој дар на олтарот и си спомниш таму дека брат ти има нешто против тебе,

24 остави го таму својот дар пред олтарот, и оди првин помири се со брата си, па тогаш дојди и принеси го својот дар.

25 Покажи бргу добра волја кон твојот противник, додека си уште со него на пат, за да не те предаде противникот на судијата, а судијата на служителот, па да те фрлат во темница.

26 Вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, додека не го исплатиш и последниот кодрант.”

27 ”Сте чуле дека им било речено на старите: ‘Не прави прељуба!’

28 А Јас ви велам дека секој, кој гледа на жена со желба, веќе извршил прељуба со неа во своето срце.