31 ”Исто така било речено: ‘Кој ќе ја остави својата жена, нека и даде разводно писмо.’
32 А Јас ви велам дека секој, кој ја остава својата жена, освен за прељуба, ја прави да врши прељуба, и кој се оженува со така напуштена, врши прељуба.”
33 ”Уште сте чуле, дека им било речено на старите: ‘Не нарушувај ја клетвата, а исполнувај ги пред Господа своите клетви.’
34 А Јас ви велам: не колнете се никако; ниту во небото, зашто е Божји престол;
35 ниту во земјата, зашто е подножје на Неговите нозе; ниту во Ерусалим, зашто е град на великиот Цар.
36 Не ќе се колниш ни во својата глава, зашто не можеш ниедно влакно да го направиш бело или црно!
37 Туку вашиот збор нека биде: ‘да’, да - ‘не’, не! Што е повеќе од тоа, од лукавиот е.”