34 А Јас ви велам: не колнете се никако; ниту во небото, зашто е Божји престол;
35 ниту во земјата, зашто е подножје на Неговите нозе; ниту во Ерусалим, зашто е град на великиот Цар.
36 Не ќе се колниш ни во својата глава, зашто не можеш ниедно влакно да го направиш бело или црно!
37 Туку вашиот збор нека биде: ‘да’, да - ‘не’, не! Што е повеќе од тоа, од лукавиот е.”
38 ”Сте чуле дека било речено: ‘Око за око и заб за заб.’
39 А Јас пак ви велам: не противете му се на злото; туку, ако некој те плесне по твојот десен образ, сврти му го и другиот.
40 Ако некој сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, остави му ја и наметката.