40 Ако некој сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, остави му ја и наметката.
41 Ако некој те принуди да одиш со него една милја, ти оди две со него.
42 Дај му на оној што бара од тебе, и не свртувај се од оној што ти сака на заем.”
43 ”Сте чуле дека било речено: ‘Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател’.
44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат;
45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.
46 Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците не го прават тоа исто?