11 нашиот насушен леб, дај ни го денес;
12 и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им ги проштаваме на нашите должници;
13 и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот. Зашто Твое е царството, и силата, и славата, во сите векови. Амин!”
14 ”Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вам.
15 Ако вие не им ги простите на луѓето нивните престапи, ни вашиот Татко нема да ви ги прости вашите.”
16 ”А кога постите, не бидете тажни како лицемерите; зашто си ги помрачуваат лицата, за да ги видат луѓето дека постат; вистина ви велам, ја имат својата награда.
17 А ти, кога постиш, помажи ја својата глава и измиј го своето лице,