17 А ти, кога постиш, помажи ја својата глава и измиј го своето лице,
18 за да не те видат луѓето дека постиш, но твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.”
19 ”Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат;
20 туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што крадци не поткопуваат и крадат;
21 зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце.”
22 ”Светилото на телото е окото. И така, ако твоето око е бистро, целото твое тело ќе биде осветлено;
23 но ако твоето око е лукаво, целото твое тело ќе биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, колкава ќе биде темнината!”