27 Кој од вас може, грижејќи се, да му придаде на својот раст еден лакот?
28 Зошто се грижите и за облеклото? Погледнете ги полските лилјани како растат; не се трудат, ниту предат;
29 а Јас ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече како еден од нив.
30 И, ако Бог ја облекува така полската трева, што денес е, а утре ја фрлаат во печка, нема ли многу повеќе вас, маловерни?
31 И така не грижете се, велејќи: ‘Што ќе јадеме?’ или: ‘Што ќе пиеме?’ или: ‘Што ќе облечеме?’
32 Зашто сето тоа го бараат народите, зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова.
33 Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сè тоа ќе ви се додаде.