Матеј 6:3-9 MKB

3 А ти, кога правиш милостина, нека не ти знае левицата, што ти прави десницата,

4 за да биде твојата милостина во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.”

5 ”И кога се молите, не бидете како лицемерите, кои сакаат да се молат стоејќи по синагогите и на аглите од улиците, за да ги видат луѓето; вистина ви велам, ја имат својата награда.

6 А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба, затвори ја вратата и помоли Му се на твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.”

7 ”А кога се молите, не употребувајте напразни повторувања како народите; зашто мислат дека ќе бидат послушани, заради многуте зборови.

8 И така, не бидете како нив, зашто вашиот Татко знае што ви е потребно, уште пред да Го помолите.

9 Туку молете се вака: „Татко наш, Кој си во небесата, да се свети Твоето име;