12 ”И така, сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така; зашто тоа е Законот и пророците.”
13 ”Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа.
14 Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.”
15 ”Пазете се од лажните пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се грабливи волци.
16 Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?
17 Така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови.
18 Не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови.