13 ”Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа.
14 Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.”
15 ”Пазете се од лажните пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се грабливи волци.
16 Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?
17 Така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови.
18 Не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови.
19 Секое дрво, ако не раѓа добри плодови, се сече и се фрла во оган.