17 Така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови.
18 Не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови.
19 Секое дрво, ако не раѓа добри плодови, се сече и се фрла во оган.
20 И така: ќе ги препознаете по нивните плодови.”
21 ”Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата.
22 Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’
23 И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’