18 Додека им зборуваше за тоа, ете, еден началник на синагогата дојде, падна пред Него ничкум и рече: „Мојата ќерка умре сега; туку дојди и положи ја Својата рака на неа, и таа ќе живее.”
19 И Исус стана и го следеше, со Своите ученици.
20 И ете, жена, која боледуваше дванаесет години од крварење Му се приближи одназад и се допре до ресите на неговата облека.
21 Зашто си велеше во себеси: „Само ако се допрам до Неговата облека, ќе се излечам.”
22 А Исус се сврте, ја виде и и рече: „Охрабри се, ќерко. Твојата вера те исцели.” И жената беше исцелена од тој час.
23 И кога Исус дојде во куќата на началникот, ги виде свирачите и народот како вика,
24 и рече: „Отстранете се, зашто девојчето не е умрено, туку спие.” И тие Му се потсмевнуваа.