24 и рече: „Отстранете се, зашто девојчето не е умрено, туку спие.” И тие Му се потсмевнуваа.
25 Откако го истера народот, влезе и ја фати за рака, и девојчето стана.
26 И гласот за тоа се рашири по сета онаа земја.
27 И кога Исус си одеше оттаму, двајца слепци Го следеа, викајќи и зборувајќи: „Смилувај ни се, Сине Давидов!”
28 А кога дојде во куќата, слепците Му пристапија, а Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?” Му рекоа: „Да, Господи!”
29 Тогаш ги допре нивните очи, велејќи: „Нека ви биде според вашата вера.”
30 И очите им се отворија. И Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не научи за тоа!”