29 Тогаш ги допре нивните очи, велејќи: „Нека ви биде според вашата вера.”
30 И очите им се отворија. И Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не научи за тоа!”
31 А тие, штом излегоа, Го разгласија по сета онаа земја.
32 Додека тие излегуваа, ете, Му доведоа човек нем и опфатен од демон.
33 Откако демонот беше изгонет, немиот проговори. И мноштвата восхитени, зборуваа: „Никогаш не се видело вакво нешто во Израел!”
34 А фарисеите велеа: „Тој ги изгонува демоните преку владетелот на демоните.”
35 И Исус ги обиколуваше сите градови и села, поучувајќи во нивните синагоги и проповедајќи го Евангелието на царството и исцелувајќи секаква болест и секаква слабост меѓу луѓето.