35 И Исус ги обиколуваше сите градови и села, поучувајќи во нивните синагоги и проповедајќи го Евангелието на царството и исцелувајќи секаква болест и секаква слабост меѓу луѓето.
36 А кога ги виде мноштвата, беше поттикнат со сожалување за нив, зашто беа изморени и распрснати како овци, кои немаат пастир.
37 Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата навистина е голема, а работници малку,
38 молете Го тогаш Господарот на жетвата да испрати работници во Својата жетва.”