Втзакон. (5 Moj.) 1:11-17 MKB

11 Господ, вашиот Бог, нека ве умножи уште илјадапати! Нека ве благословува како што вети!

12 Ама, како би можел јас да го носам сам вашиот товар, вашето бреме и вашите спорови?

13 Заради тоа изберете од вашите племиња умни, искусни и угледни луѓе, за да ви ги поставам за главатари.’

14 Вие ми одговоривте: ‘Добро е тоа што го предлагаш.’

15 Затоа ги зедов првенците од вашите племиња, умни и угледни луѓе, па ги поставив за главатари: за илјадници стотници, педесетници, десетници и за ваши племенски надгледувачи.

16 Во тоа време им наложив и на вашите судии: ‘Сослушајте ги своите браќа; судете праведно меѓу човекот и неговиот брат или придојденикот.

17 Немојте да бидете пристрастни во судењето; сослушувајте го малиот како и големиот. Не бојте се од никого! Па судот е Божји! Ако некој случај ви биде претежок, изнесете го пред мене, за да го разгледам јас.’